Природата е застрашувачки прекрасна. Во прилог на ова зборува и видеото на торнадото, кое го снимил ловецот на невреме Џејмс Хамет. Снимката за моќта на природата зборува повеќе од зборовите. Снимката е напарвена во местото Ларами во Вајоминг, САД.
Додека возел по автопатот, Џејмс успеал да го сними торнадото во фаза на создавање на совршена формација која делува нестварно. Хамет толку се приближил до торнадото па успеал да сними како уништува цело поле. Во ова невреме уништени се неколку куќи, но за среќа нема човечки жртви.