Советничката на премиерот Зоран Заев, Љупка Цветкова, која го советува претседателот на Владата за прашања од областа на администрацијата, е именувана и за член на Комисијата за продажба на земјоделско земјиште во државна сопственост.
Одлуката е објавена во најновиот број на „Службен весник“. Таа е именувана со потпис на премиерот Зоран Заев, заедно со уште шест други лица.