Хуан Карлос Наваро ќе биде дел од Барселона и во сезоната 2018/2019, изјави легендарниот бек во пресрет на неговиот 38-ми роденден, кој е утре. Во својата богата кариера, Шпанецот има осум титули во Шпанија, седум трофеи во Кралскиот куп, пет суперкупови на Шпанија и два трофеја во Евролигата.
– Не сакам да си заминам на овој начин, губејќи. Сакам да сум дел од поконкурентен тим на Барселона во Евролигата, а ние не сме биле на ова ниво веќе неколку години – категоричен беше Наваро, давајќи одговор на прашање за својата иднина.
Наваро дебитираше за Барселона во 1997 година и играше таму до 2007 година, кога ја напушти за да помине една сезона со Мемфис во НБА, а веднаш потоа се врати во матичниот тим, каде продолжува да игра до денес.
Каталонците годинава испаднаа од Басконија во полуфиналната плејоф серија на АБЦ Лигата.