Кривична против Охриѓанец за обид за силување на малолетничка

105

Кривична пријава е покрената против Oхриѓанец поради обид за силување на малолетна девојка.

СВР-Охрид до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Н.Т. (33) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „силување во обид“.

Тој, казненото дело го сторил на 2 јуни околу 1 часот на улица „Славеј Планина“ во Охрид. Следел 16-годишна девојка и пред нејзиниот влез силно ја повлекол кон себе но истата започнала да вика при што дошол еден од соседите и пријавениот го напуштил местото на настанот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...