Ако се суди според она што го објавуваат грчките медиуми – а јас сепак би почекал да ги видам деталите на договорот меѓу Атина и Скопје – се чини дека Заев сепак успеал да ги сочува основните атрибути на македонскиот национален идентитет.
Јазикот ќе биде македонски (macedonian) со фуснота дека е дел од словенската група јазици, а придавката macedonian ќе се користи и во графата за државјанство/nationality, каде ќе пишува macedonian/citizen od Republic of North Macedonia, со експлицитнa одредба дека граѓаните на таа држава не се поврзани со античката грчка цивилизација.
Првиот впечаток е дека овие одредници (ако се точни) прилично тврдо го бранат нашиот македонски национален идентитет. И тоа е многу, многу важно!
Зошто?
Затоа што тоа значи дека македонската историја и македонската култура, со исклучок на антиквизацијата, сепак не се лажни, ни во естетска ни во фактографска смисла, како што тврдеа некои.
И значи дека македонскиот идентитет и тоа како заслужува да се брани и да се одбрани, наспроти мислењата на оние кои тврдеа дека македонскиот идентитет ќе се „разградува“ како што „низ внатрешна употреба организмот ги разградува супстанците и остатоците ги исфрла како говна“ (Тричковски).
Според тоа, иако не сум претпазлив во врска со прашањето што ќе донесе уставната ревизија, сега сепак едно е јасно: „ебачите“ на името македонско и на мамето македонско изгледа дека сепак ќе мора да се фатат за десанка шакиќ.
ПС. И натаму тврдам дека употребата на името „Република Северна Македонија“ во домашниот правен сообраќај е непотребно и е задоволување на каприцот на грчката страна. Ова особено важи сега, кога атрибутите на македонскиот национален идентитет се дефинирани со вакви одредници.