Во Република Македонија минатата година од насилна смрт умреле 421 лице, што е намалување за 15.3 отсто во однос на 2016 година, пкажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Умрените од насилна смрт во вкупниот морталитет учествуваат со 2,1 отсто. Во структурата на умрените од насилна смрт според полот, и во 2017 година, како и во претходните години поголемо учество имаат машките лица, и тоа 75,1 процент.
Во случаите на насилна смрт, најголемо учество имаат „Несреќните случаи“ со 66 отсто, потоа „Самоубиствата“ со 26,4 и „Убиствата“ со 7,6 отсто.
Во категоријата „Несреќни случаи“, на прво место се умрените лица од „Други надворешни причини за случајна повреда“, со учество од 26,1 отсто.
Во категоријата „Самоубиства“, случаите кај кои смртта настапила поради „Бесење, странгулација и суфокација“ имаат најголемо учество со 15,7.
Во категоријата „Убиства“, пак, доминантна причина за смрт е „Обид за нанесување телесна повреда со истрел од друго и од неозначено огнено оружје“ со учество од 2,4 отсто во однос на вкупниот број случаи од насилна смрт.