Менито на самитот Трамп – Ким – говедски ребра и сингапурско слатко-кисело свинско месо

Бавно печени говедски ребра и слатко-кисело крцкаво свинско месо, меѓу другото, беа денеска на менито на работниот ручек.

581

Бавно печени говедски ребра и слатко-кисело крцкаво свинско месо, меѓу другото, беа денеска на менито на работниот ручек на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Сингапур.

Како што сопшти Белата куќа, Трамп и Ким за предјадење имале избор од коктел од ракчиња и салатa од авокадо или зелено манго со прелив од лимета и мед, свеж октопод, како и корејски специјалитет со полнети краставици.

Главното јадење, говедските ребра, биле послужени со сечен компир печен во млеко и барени брокули, а пак слатко-киселото свинско со пржен ориз во лут сос. На трппезата имало и корејски динстан бакалар на соја со роткивци и зеленчук од Азија.

За десерт, двајцата лидери и нивните делегации можеа да бираат меѓу колачи од црна чоколада, сладолед од ванила со прелив од вишни и лепче полнето со крем.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...