Во Кривичниот суд во Скопје денеска требаше да започне судењето за смртта на малата Тамара од Велес, меѓутоа првото рочиште беше одложено бидејќи во судница не се појави петмина од вкупно 12 обвинети во случајот.
Ново рочиште е закажано за 4 јули.
Обвинети се членовите на прво и второстепената комисија, поранешни директори на Фондот за здравствено осигурување и тогашниот претседател на управниот одбор на Фондот.
Обвинителството истрагата ја започна по допрен глас, а претходно кривични пријави за смртта на Тамара односно негативното решение за лекување во странство поднесоа и Хелсиншкиот комитет и мајката на девојчето.