Ако нема достоинствено решение, верувајте ниту Заев не би прифатил, вели политичкиот аналитичар Петар Арсовски, кој вечерва во „Само вистина“ дебатираше со професорот Љупчо Ристовски.
– Јас лично сум против референдум, мислам дека референдумите по дефиниција се ретроградни. Да требаше да направи референдум, Македонија немаше да го потпише Охридскиот договор, ќе бевме заглавени во етнички конфликт. Лично сметам дека подобро е да има политички консензус, но ако веќе сме одлучиле за референдум, се согласувам дека тој треба да биде пред ратификацијата на договорот, но ние немаме
време, до самитот на ЕУ и НАТО од каде очекуваме датум за пристапни преговори и поканата за членство. До тогаш немаме време за организирање референдум – рече Арсовски околу дилемите за и против референдум и тајмингот за негово одржување.
Професорот Ристовски на став дека во политичките науки референдумот е највисок дострел, нема бегање од изјаснувањето на плебисцитот.
– Земете ги Брегзит, Шкотска, сѐ се решава на референдум. Нема право една генерација, поготово не генерација која има слабо парламентарно мнозинство, да носи на себе товар од историски габарит. Тоа е сепак прашање што ги тагира не само минатите и оваа генерација, туку и генерациите после нас – изјави Ристовски.
Околу очекувањата од можен договор со Грција погледнете во најновото
издание на „Само вистина“: