Дест лица се полесно повредени утрово на аеродром во Франкфурт кога огнот кој избил на влечното возило, го зафатил и авионот на „Луфтханза“, кој се наоѓал на пистата, објавила управата на аеродромот.
Влечното возило требало авионот да го однесе до терминалот.
Во моментот кога избил пожарот „арбусот“ бил празен и допрва требало да ги качи патниците на летот за Филаделфија. Предниот дел од авионот е оштетен и поради тоа не полетал од франкфуртскиот аеродром.
Десетина работници на аеродромот се повредиени и веднаш им била укажана помош.
Портпаролот додал дека станува збор за рутински маневр кој најчесто се изведува за да се одбегне авионот да ги користи моторите во близина на терминалот.