Да искосиме пред да нѐ изедат змии

1169

По објавеното видео на Фејсбук, каде што змија шета по стадионот „Македонски лавови“, од општина Ѓорче Петров информираат дека денеска излегле да ја искосат тревата и да го уредат зеленилото.

– Тревата се коси навремено и напоредно на цела територија на Ѓорче Петров, особено по најавите за нагло затоплување на времето. Но, и покрај тоа, ги повикуваме граѓаните, доколку имаат забелешки, веднаш да пријават на телефоните во општината, како би можеле навремено да регираме – велат од општината за „Слободен печат”.

Од општината додаваат дека се уредува и зеленилото покрај ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“ каде исто така имаше реакции за наводна појава на змии во задниот дел на училишниот двор.

– На одредени места речиси 10 години, за жал, тревата не е искосена од претходните раководства на општината. Го решаваме овој проблем – нагласуваат од општина Ѓорче Петров.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...