Заев за Еуроњуз: Нема потреба да се промени Уставот (ВИДЕО)

Во однос на тоа дали и идентитетот е предмет на преговори, македонскиот премиер одговара негативно.

136

Нема потреба да се смени Уставот. Уставот е домашна книга и нема последници надвор од земјата, вели македонскиот премиер Зоран Заев во интервју за Еуроњуз, јави дописникот на МИА од Атина.

– Направивме ревизија на нашиот Устав во 1993 година поради чувствата на нашите пријатели Грците. Сакаа да бидат повеќе покриени, да се чувствуваат поудобно и така направивме и втора ревизија на нашиот Устав, за да преземеме мерки против иредентизам и било што друго слично. Сите чекори што ги направивме досега, се во насока на целосно отстранување на иредентизмот. Сигурно грчките граѓани знаат дека немаме територијални претензии или што било друго што е поврзано со тоа – вели Заев во интервјуто.

Во однос на тоа дали и идентитетот е предмет на преговори, македонскиот премиер одговара негативно. Вели дека не постои разговор за идентитетот, односно за националноста, но постои параграф за државјанството.

Заев објаснува дека ерга омнес за името, значи спроведување на решението за останатиот свет.

– Ерга омнес значи имплементација за останатиот свет, за целиот друг свет. Ние сме подготвени да разговараме за оваа имплементација, затоа што знам дека е многу важна за грчката страна. Треба да ги разбереме во однос на ова, зошто за нив е неопходно да имаат ерга омнес – вели Зоран Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...