Да се бесат Заев и Димитров – виновни се!?

Повеќе од две децении се пазариме со Грција но, никако да се испазариме. И чудно. Секогаш наоѓаме вина кај нашите преговарачи. Не знаеле да се пазарат! Или не сакале да се пазарат. Или, пак оставаат, како и секогаш, Америка и Европа да ни го решат проблемот.

3687

И владици, и попови, и политичари, и народ, и заведен народ, се против решавање на името на Република Македонија, кое ѝ е виза за влез во ЕУ и НАТО. Едни велат дека камења за името ќе јадат, други не може името да се менува бидејќи Македонија е библиска земја, трети не ни треба ЕУ и НАТО, сами можеме да опстоиме, четврти Грција да ни го врати имотот, пети и седми и десети велат никако не може името да се смени. Името не го даваме.

И толку. А преговарачите? Тие се предавници на својата земја и на својот народ и треба да одговараат. Не можело така. Му текнало на Заев и Димитров, па ајде ќе правиме пазар со Грците. Нема со што, туку со името. „Да се беси Заев, да се беси Димитров!“

Беломорска сага

Најгласна е опозициската ВМРО- ДПМНЕ. А најгрлати се оние членови чии корени се од Беломорска Македонија. Се чини нив не им е толку до промената на името, отколку дали може да добијат „нешто“ за имотот на нивните дедовци и татковци, кои морале да го остават, поради тоа што Грците, на најфашистички начин, во граѓанската војна, ги протерале од родните огништа. Дел од нив дојдоа кај нас, дел во Бугарија, во поранешниот Советскиот Сојуз, во Романија, во Полска, во поранешна Чехословачка, во Унгарија и каде ли уште не. Не знам дали оние другите, не нашите, бараат пари за имотот и дали се против промена на името на нашата Македонија!?

Никој не вели дека немаат право. Факт е дека тоа е нивен имот и не може туку така некој да им го земе. Но, нели подобро ќе можат да си го вратат тој имот, да си го остварат своето право, ако Република Македонија, или Република Северна Македонија, влезе во друштвото на оние од ЕУ и НАТО, па како еднаква со нив да си го бара своето право!?

Збрлавен народ

Повеќе од две децении се пазариме со Грција но, никако да се испазариме. И чудно. Секогаш наоѓаме вина кај нашите преговарачи. Не знаеле да се пазарат! Или не сакале да се пазарат. Или, пак оставаат, како и секогаш, Америка и Европа да ни го решат проблемот.

А владиците и поповите „го решија“ признавањето на МПЦ, па сега се зафатија и со решавање на името.

И така се вртиме во круг. Политичарите на една страна, партиите на друга, опозицијата на трета, а и народот го збрлавеа. Не знае со кого да биде. Кој е во право? Кој му ја кажува вистината и кој му мисли добро? Сите соседи ја сакаат Македонија, а никој не сака да нѐ признае како Македонци? Навистина толку ли сме лоши?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...