Германскиот возач Себастијан Фетел триумфираше на трката за Големата награда на Канада и се врати на првото место во генералниот пласман во Формула 1.
Членот на Ферари беше доминантен и во квалификациите и на денешната трка и сосема заслужено стигна до 50. победа во кариерата. Токму Фетел ја направи неинтересна целата борба за првото место бидејќи беше прв од почетокот до крајот, со исклучок на периодите додека одеше во бокс.
Разочара Луис Хамилтон кој го освои дури петтото место и сега заостанува еден бод зад својот голем ривал.