Првиот светски рекет Рафаел Надал, беше пресреќен по денешниот триумф во Ролан Гарос. Тој по 11-ти пат победи на престижниот Грен слем, нешто за кое рече дека не можел ниту да го замисли.
– За вакво достигнување не ни сонував. Да се победи 11 пати на Ролан Гарос е нешто што е неможно ниту да се замисли , а камоли да се постигне. Навистина овој резултат е подвиг. Не можам да опишам како се чувствувам – изјави Надал.
Покрај 11 трофеи на Ролан Гарос, тој има исто толку титули и во Барселона и Монте Карло и е единствениот тенисер со такви достигнувања на турнири од три различни категории.
Надал попладнево во финалето со убедлив 3-0 го победи Доминик Тим.