Здравство со ригорозни мерки: Само привремен престој за медицинските сестри во Германија

1960

За да се спречи одливот на медицински сестри во странство, пред се во Германија, Министерството за здравство најавува непопуларни мерки со кои ќе настојува да го спречи заминувањето на овој медицински персонал, објави телевизија Алсат-М.

Министерството ќе побара од германското Министерство за здравство, на работниците од Македонија да им овозможува само привремена работна дозвола, а не и можност за иселување.

Инаку, веќе неколку години од Македонија постои голем одлив на медицински кадар претежно во Германија. Причина се ниските плати во земјава и лошите услови за работа.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...