Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун се состана со премиерот на Сингапур Ли Хсијен Линг во пресрет на историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп на 12 јуни на островот Сентоса.
Ким допатува со приватен авион „боинг 747“ на компанијата „Аир Кина“ на аеродромот Чанги и по доаѓањето во Сингапур се состана со министерот за надворешни работи Вивијан Балакришна.
Лидерот на Северна Кореа и овој пат го следи обезбедувањето на кое должност им е да трчаат покрај автомобилот во кој Ким се вози.
Секој потег на севернокорејскиот лидер ќе го следат 3.000 новинари во Сингапур.