Најдобриот египетски фудбалер Мохамед Салах за време на тренингот во Грозни во пресрет на Светското првенство, даде изјава за неговата состојба.
– Чувствувам дека моето рамо се подобрува, но се уште е непознато дали можам да играм во првиот натпревар. Прерано е да се зборува за тоа. Но, навистина сум возбуден. И мислам дека нема ограничување за нас – изјави Салах.
Египет на Мундијалот во Русија ќе настапи во А-групата против Уругвај (15 јуни), со Русија (19 јуни) и против Саудиска Арабија (25 јуни).
Салах за време на финалето од Лигата на шампионите на 26 мај, настапувајќи за својот клуб Ливерпул се повреди при еден дуел со Серхио Рамос од Реал Мадрид.