Заев и Димитров се качија на квадрицикли во Струмица ГАЛЕРИЈА

4342

Откако вчера грчките медиуми пишуваа дека  постои поделба во Владата на Заев со тоа што Никола Димитров продолжува да „игра лични игри“, премиерот и министерот денеска и со фотографии ги демантираа ваквите наводи.

Двајцата на нивните профили на Фејсбук објавија дека викендов го поминуваат во Струмица на заеднички ручек со нивните сопруги, како и фотографии како возат квадрицикл.

„На иста линија“, напиша премиерот на Фејсбук.

„Семејна неделна дружба во Струмица со Зорица и со Зоран Заеви. Го бараме патот, заедно!“, пак, пишува во објавата на шефот на дипломатијата.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...