Пороен дожд ја зафати Источна Македонија

299
20130225 Monday 1056 dozd nevreme vrne vrnezi

Нестабилно време денеска попладне го зафати источниот дел до земјава. Од УХМР информираат дека околу пладне беа зафатени крајните источни планински предели каде имаше локален пороен дожд со грмежи. Нестабилната облачна маса се спушташе од североисток и потоа ги зафати регионите на Кочани и Виница каде имаше пообилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер како и појава на ситен град.

Попладнево нестабилно било на повеќе места во источните делови и тоа во регионот на Штип, Свети Николе, Куманово. Облачната маса се движеше кон централните делови, а доцна попладнево и кон западните и југозападните планински предели.

Во скопската котлина дуваше засилен ветер проследен со локален пороен дожд и грмежи, а во Велешко имаше пообилен пороен дожд.

До крајот на денот се очекува променливо облачно и малку посвежо со повремен локален  дожд и појава на ретки  грмежи, во западните планинските предели, како и во скопската котлина. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен прсвец. Во вечерните часови се уште ќе има повремен локален дожд во источните делови.

Стабилизирање на времето се очекува во ноќните часови, ќе преовладува ведро време со умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер.

Утре времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. УВиндексот ќе изнесува 8, а температурата минимална ќе се дфвижи од 11 до 19, додека дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 26 до 34 степени.

Во Скопјеи околината ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурите ќе се движат од 15 до 32 степена.

Утре во попладневните часови во западните делови ќе има краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Во вторник ќе има извесно преодно стабилизирање на времето. Од среда се очекува повторно нестабилно време со пороен дожд и грмежи. До среда дневните температури ќе бидат во пораст, а од четврток ќе бидат во опаѓање.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...