Галерија од пристигнувањето на историската средба на Трамп и Ким Џонг-ун во Сингапур

Двајцата лидерии при пристигнувањето имаа огромно обезбедување околу себе, а на улиците како да имаше парада. Луѓе од двете страни на улиците со мобилни телефони го фотографаа пристигнувањето на двајцата лидери и нивното движење низ улиците во Сингапур, како да има некаква парада.

1119
ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џон Ун денеска имаше средба со премиерот на Сингапур, Ли Хсијен Лунг, во пресрет на историскиот самит со американскиот претседател Доналд Трамп, што ќе се одржи во вторник на островот Сентоса.

Како што пренесуваат светските агенции, Ким на средбата истакнал дека „цел свет го набљудува историскиот самит помеѓу Демократска Народна Република Кореја и Соединетите Американски Држави“, додавајќи дека благодарение на напорите на премиерот на Сингапур ќе завршат подготовките за историскиот самит.

Севернокорејскиот лидер денеска допатува со приватен авион „Боинг 747“ на компанијата „Ер Чајна“ на аеродромот „Чанги“ и по доаѓањето во Сингапур се сретна со министерот за надворешни работи на тој град-држава, Вивиан Балакришнан.

Во Сингапур денеска пристигна и претседателот на САД Доналд Трамп.

Предвидено е Трамп и Ким да се состанат во вторник во 9 часот по локално време. На средбата ќе разговараат за крајот на нуклеарната програма на Северна Кореја и трансформацијата на оваа изолирана земја, која претрпе меѓународни санкции за својата нуклеарна програма.

Средбата во Сингапур ќе ја следат околу 3.000 новинари акредитирани од цел свет.

ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO
ФОТО: EPA/JIM LO SCALZO
ФОТО: EPA/MAST IRHAM
ФОТО: EPA/LYNN BO BO
ФОТО: EPA/TERENCE TAN / MCI / HANDOUT
ФОТО: EPA/TERENCE TAN / MCI / HANDOUT

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...