Екс вардарката Пенезиќ правеше свадба, пееше Петар Грашо ФОТО

1487

Една од ракометарките што оставија најголем траг во ЖРК Вардар, Андреа Пенезиќ (32), ја озакони долгогодишната врска со поранешниот голман на ФК Вардар, Матија Кобетиќ (33), пишува порталот „Гол.мк“.

На нејзината свадбена веселба во Загреб присуствуваа голем број поранешни нејзини соиграчи, како Тамара Мавсар, Андреа Чанаџија, Сираба Дембеле и многу други.

Иако најавуваше крај на кариерата по завршувањето на оваа сезона поради тоа што сака да се посвети на формирање семејство, сепак популарната Пенка ја промени својата одлука.

Во новата сезона таа ќе ги брани боите на унгарскиот тим Шиофок, клуб со кој потпиша едногодишен договор, додава „Гол.мк“.

На нејзината свадба пееше познатиот хрватски пејач Петар Грашо.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...