Несудената мајка БПЦ ќе стори што може да им помогне на браќата во Македонија

162

Подготвени сме да сториме сѐ што можеме и што е во согласност со светите канони на светата Црква за да им помогнеме на нашите православни браќа во денешна Македонија, пишува во посланието на Синодот на БПЦ по повод 1000-годишнината од Охридската архиепископија.

Во посланието, објавено на веб страницата на Светиот синод на БПЦ, се вели дека денес на Балканот постојат сосема различни државни и црковни реалности од тие од далечното минато и оти различни општествено-политички процеси, низ годините довеле до формирање нови држави и нови помесни православни цркви.

– Она што продолжува и денес да не обединува сите нас, без исклучок, е нашата православна христијанска вера. Она што и денес продолжува да не сплотува е богочовечкото тело светата и маченичка Православна црква, се вели во посланието.

Тоа, се додава, била и причината БПЦ да ја прифати улогата на посредник, предложена од македонска страна, да ги преземеме неопходните и сите можни чекори и дејства согласно вековните правила на Црквата,  пред останатите братски православни цркви за решавање на канонскиот црковен статус на Православната црква во Република Македонија, која, како што се вели, повеќе од половина век страда од наметната црковна изолација.

Истовремено, во врска со одбивањето на БПЦ да учествува на прославата што се одржа на 27 и 28 мај во Охрид,  во посланието на БПЦ, потпишано од патријархот Неофит и од сите митрополити, се вели дека до БПЦ биле упатени незаслужени критики, дури и обвинувања за предавство, кои, независно дали биле резултат на неразбирање, донеле неопотребна горчина за целата наша Црква. 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...