Владата тврди: Димитров не игра лични игри, со Заев е на иста линија

1218

Владата ги отфрла тврдењата во некои медиуми за наводни поделби и разногласија. Тврди дека е единствена и посветено работи на решавање спорови, како и на јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија.

Како што вели владиниот портпарол Миле Бошњаковски, не постојат никакви поделби во Владата на Заев.

– Премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров и целокупниот состав на Владата на Република Македонија се на иста, единствена линија, цврсто определени и посветени на решавање спорови и јакнење на достоинството и идентитетот на граѓаните на Република Македонија – вели Бошњаковски.

Според него, Владата и сите нејзини членови заедно дејствуваат кон исполнување на стратешкиот идентитет на Република Македонија, членство во НАТО и ЕУ и низ тој процес на обезбедување подобар живот на сите граѓани на нашата земја.

Вчера, како што пренесоа дел од македонските портали, грчките медиуми објавија дека постои поделба во Владата на Заев со тоа што Никола Димитров продолжува да игра лични игри.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...