МВР: Тенденциозна лага е веста за кадровски смени во „Тигрите“

1002

Откако на интернет-порталите излегоа информации дека го Министерството за внатрешни работи (МВР) се готват кадровски промени со кои Албанец за првпат ќе влезе во Единицата за специјални задачи „Тигар“ како заменик командант, од МВР остро реагираат демантирајќи ги шпекулациите кои, како што велат, се тенденциозна невистина.

„Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека партиската, верската или било која друга припадност, не е, ниту ќе биде “критериум“ за професионално напредување во организационите структури на МВР. Министерството за внатрешни работи категорично ги демантира шпекулациите што деновиве беа објавени во дел од медиумите, а кои се однесуваат на наводни кадровски промени и назначувања во Единицата за специјални задачи – “Тигар“, односно поставувањето на службеник на командна позиција во оваа единица. Станува збор за целосна тенденциозна невистина“, реагираат од МВР.

Плусинфо пред два дена објави дека нема никакви промени или најави за смена или поставување нови команданти или заменици во „Тигрите“.

Претходно, се појавија информации дека Локман Селими, ќе биде назначен за заменик-командант на Единицата за специјални задачи „Тигар“ како награда за тоа што на 27 април лани при упадот во Собранието се жртвувал обезбедувајќи ги пратениците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...