Претседателот на САД Доналд Трамп, по предвременото заминување од Самитот на Г-7 во Ла Малбе, за време на летот кон Сингапур, на неговиот Твитер налог изнесе бројни обвинувања за домаќинот на Самитот, канадскиот премиер Џастин Трудо.
Трамп на Твитер објави дека на претставниците на на САД на Самитот на Г-7 им дал инструкции да не го поддржат заедничкото соопштение, иако претходно беше соопштено дека текстот има поддршка од сите седум земји-членки на групата.
Американскиот претседател, исто така, го обвини Трудо дека дал „лажни изјави“, откако тој си заминал од Самитот.
ФОТО: EPA/NEIL HALL