Британската актерката и првата Бонд девојка, Јунис Гејсон, почина на 91-годишна возраст. Јунис е родена во Англија во 1928 година
Тажната вест беше соопштена на официјалниот профил на Гејсон.
„Многу сме тажни што ви соопштуваме дека нашата драга Јунис почина на 8 јуни. Таа беше прекрасна дама која остави впечаток на секого со кој се сретна. Многу ќе ни недостига“, пишуваше на профилот.
Гејсон во 1962 година ја играше улогата на Силвија Тренч во првиот филм за британскиот таен агент Џејмс Бонд – „Доктрон Но“.
We are very sad to learn that our dear Eunice passed away on June 8th. An amazing lady who left a lasting impression on everyone she met. She will be very much missed. pic.twitter.com/c5kVHs256Y
— Eunice Gayson (@EuniceGayson) June 9, 2018
„Би-Би-Си“ во веста за смртта на првата Бонд девојка, наведува дека таа му помогнала на Шон Конери кој ја играше улогата на агентот 007, да опушти и да ја изговори воведната реченица „Бонд, Џејсм Бонд“, која што стана легендарна реплика.
Брританската актерка е единствената Бонд девојка која се појавила во два различни филмови, нејзиниот лик на Силвија Тренч се појавува и во филмот „Со љубов од Русија“.
Во нејзината кариера таа играше и во неколку серии, како што е „Светци и одмаздници“.