Центар: Граѓаните да пријават штети на јавни површини

449

Општина Центар ја информира јавноста дека по денешното невреме, формирано е општинско координативно тело за увид на јавните површини погодени од невремето и констатација на штетите.

Службите на општината со цел нормализирање на состојбата на улиците и нормално движење на граѓаните, се веќе на терен и работат на санирање на штетите.

Координативното тело за проценка на штети ги замолува граѓаните доколку увидат оштетување на јавна површина, да пријават на следните телефонски броеви:

075316120 Димитар Цековски;
076381335 Дамјан Момировски;
076313381 Кире Секуловски;
076313387 Нико Николоски.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...