Касами и Гаши одново во битка за Беса ВИДЕО

325

Апелациониот суд донесе одлука дека Движењето БЕСА припаѓа на своите оснивачи, на своето членство, на своите органи и на гласачите на БЕСА, се пофалија на прес-конференција од крилото на Африм Гаши.

– Правдата се враќа на своето место. Апелациониот суд донесе одлука за поништување на првостепената судска одлука и предметот да се врати на разгледување во Основниот суд.  Апелација дава и десетина забелешки и препораки, кои Основниот суд не ги зел предвид во првостепената одлука, а ти се клучни за донесување пресуда за предметот. И покрај сите измислици, шпекулации и невистини – кои беа поттикнати од тие кои фалсификуваа и имиња на личности во нивна корист, сепак правдата дојде на своето место. Тие заборавиле дека идејата на БЕСА не може да се фалсификува и колку и да се напаѓа, таа сепак останува автентична во својата автохтона татковина – рече Скендер Реџепи, генерален секретар на Беса на Гаши.

Тој додаде дека „од денес фалсификаторите, расколниците и вандалите на седиштето на БЕСА може да одат кај сакаат, бидејќи Движењето БЕСА припаѓа на своите следбеници“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...