Жбогар: Со нетрпение ги очекуваме резултатите од интензивните преговори за името

192

Решението на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Република Грција ќе биде добро за двете држави, но и за Регионот и за цела Европа, изјави денеска амбасадорот на Делегацијата на ЕУ Самуел Жбогар за време на посетата на Националниот парк „Пелистер“ во Битола.

Според амбасадорот Жбогар, потребни се трепение и доверба за да тоа се случи.

– Сите тука со нетрпение ги очекуваме резултатите од многу интензивните преговори и разговори што се во тек. Мислам дека двете страни ќе може да изнајдат решение кое што освен за двете држави ќе биде добро за целиот Регион и цела Европа. За тоа да се случи ние мора да имаме трпение и доверба дека тоа ќе се случи – изјави Жбогар кој заедно со министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураку и постојаната претставничка на УНДП во Македонија Луиза Винтон го посетија Националниот парк „Пелистер“ во Битола.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...