Ја губи ли Билал Касами Беса?

1104

Крилото на Движењето Беса предводено од Билал Касам, обвинува дека Апелациониот суд Скопје донел скандалозна одлука и вели дека судството и понатаму е контролирано од владејачките партии. Се сомневаат дека влезот во Владата на одредени лица влијаело врз одлуките на судиите.

– Денес, добивме една скандалозна одлука од Апелацискиот Суд, која нема никаква правна содржина, која докажува дека судството се уште се контролира од власта и неговите одлуки ги донесуваат преку наметнувањата од владеачките партии.
Фактот дека Апелациониот Суд примил фалсификувани докази, кои не се претставени во првoстепена постапка, и ги примил документите со печат кој Движењето Беса го има прогласено за неважечки, докажува дека овој процес сега се трансформира во чисто политички процес. Јавно ги прашуваме судиите на Апелација, што ги поттикна да донесуваат таква скандалозна одлука на денот кога се гласаше Владата? Дали учеството во Владата на одредени лица влијаело на нивната одлука, која може да се нарече сѐ, но не правна и законска одлука. Исто така, јавно го прашуваме премиерот Зоран Заев, дали сите политичари треба да бидат послушни и сервилни кон власта за да Апелација донесува одлуки во нивна полза – велат Абдуш Демири од Беса.

Од таму додаваат дека ако ќе се случи преседан Судот да ибрише партиски претседател само затоа што неовластено лице направило такво барање, тогаш ќе ги охрабрат сите да одат во судовите и да побараат да бидат регистрирани како претседател на СДСМ, бидејќи една таква практика се воведува од власта предводена од СДСМ.

– И покрај оваа скандалозна одлука, ве потсетуваме дека Движењето Беса сме ние и дека единствено лице овластено од судот е претседателот Билал Касами, и секој што ќе се обиде да го заобиколи овој факт на крајот ќе се соочи со неопходните постапки пред органите на правдата. Исто така објавуваме дека од денес почнавме судски постапки за некои лица кои биле потпишани во име на Движењето Беса и го фалсификувале партискиот печат – вели Демири.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...