Севернокорејските навивачки се сексуални робинки на политичарите 

104

Дезертерка од Северна Кореја, Ли Со-јеон (42) тврди дека навивачките на Зимските олимписки игри кои дошле од Северна Кореја, истовремено се и сексуални робинки на политичарите на забавите што се одржуваат секој ден.

– Севернокорејската уметничка трупа изведуваше фантастични песни и танцови, но уметниците не се задолжени за ширење пропагандата на Ким Џонг-ун, туку мора да одат на разни забави и да пружаат сексуални услуги – рекла Ли Со – јеон и додала дека девојките, дури и ако не сакаат, мора тоа да го прават.

– Само што ќе дојдат, мора да се соблечат голи – додала Ли, која своите тврдења ги темели на неколку инциденти што протекоа во јавноста пред неколку години.

– Тоа се „војски од убавици“. Жените се одбираат врз основа на добриот изглед, а потоа три месеци поминуваат низ „идеолошки тренинг“ за да се осигури нивната верност кон режимот – рекла за Би-би-си поранешна членка на тимот, Хан Сео-хи.
Дури и спортистите како и тренерите многумина ги опишуваат како „робови“ на Ким Џонг-ун, пишува „Индепендент“.

– Во Северна Кореја Ким Џонг-ун и неговиот режим се целиот свет. Сите тие, навивачи и спортисти, се негови робови. Режимот ги одбира луѓето за кои постојат најмали шанси да дезертираат, како и оние што доаѓаат од лојални семејства – тврди Ким Хујанг-су, кој со својот син, професионален скијач, побегнал во Јужна Кореја во 2009 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...