Бил Гејтс доби улога во серијата „Бубалици“

85

Основачот на „Мајкрософт“ и еден од најбогатите луѓе на светот, Бил Гејтс (66), ќе стане накратко актер.

Имено, Гејтс ќе се појави во новата сезона на серијата „Бубалици“, во која, како што открива ЕТ, ќе се глуми самиот себе, а во склоп на професионалниот ангажман ќе ја посети фармацевтската компанија во која работи Пени (Кајли Коко).

Посетата на важниот гостин особено ќе го воодушеви нејзиниот сопруг Ленард (Џони Галецки), кој со Шелдон (Џим Парсонс), Хауард (Сајмон Хелберг) и Раџа (Кунал Најар) ќе направат сè што е во нивна моќ за да приредат гостување за памтење на иконата на компјутерскиот свет.

Епизодата со Бил Гејт ќе биде прикажана во Америка на крајот на март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...