Градот Скопје ги известува граѓаните дека на дел од улицата Тодор Александров и патот кој води до Средно Водно, овој викенд ќе се одржи брзинско – ридски натпревар во автомобилизам „Награда на Скопје Водно 2018“.
За таа цел, дел од улицата, на потегот од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија и патот до Средно Водно ќе бидат затворени за сообраќај во следниве термини:
– 09.06.2018 година од 08 до 16 часот;
– 10.06.2018 година од 08 до 15.30 часот.
Исто така, возилата на автобуските линии кои го поврзуваат градот Скопје и Средно Водно, 25, 25А и 25Б нема да сообраќаат, освен автобуската линија 25 со редовен возен ред по 16 часот во сабота, односно 15:30 часот во недела.
Од Граот ги замолуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат на времено поставениот режим на сообраќај и брзината на возење да ја приспособат на условите на патот.