Почнува летниот распуст за учениците, матурантите утре полагаат матура

Матурантите, пак, утре ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.

132
ФОТО: Архива

За околу 270 000 средношколци и основци, од кои околу 20 000 првачиња, денеска е последниот училишен ден и почеток на летниот распуст.

Полуматурантите овој месец ќе се запишуваат во прва година средно образование за учебната 2018/2019 година.  На 18-ти и 19 јуни е првото пријавување во јавните средни училишта, а второто пријавување во јунскиот уписен рок е на 28 јуни. Во августовскиот рок пријавувањето е на 23 август.

Матурантите, пак, утре ќе имаат тестирање по мајчин јазик (македонски, албански или турски) и литература, кој е еден од трите екстерни испити и задолжителен на државната матура.

Првиот екстерен испит (странски јазик – англиски, француски, руски или германски) го полагаа во саботата.

На 11 јуни е тестирањето по третиот екстерен предмет (хемија, физика, биологија, историја, филозофија, естетика или бизнис), а на 13 јуни ќе полагаат кандидатите кои се пријавиле за испит по математика.

Според Државниот испитен центар, оваа учебна година за полагање државна матура се пријавиле вкупно 15 256 кандидати. Таа е услов за запишување на факултетите.

Учениците кои го продолжуваат основното и средното образование, на настава повторно ќе се вратат на 3 септември 2018 (понеделник), за почетокот на новата учебна 2018/2019 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...