Во Владата отворен ден за иницијативи на граѓански организации

130

Во Владата денеска ќе биде одржан првиот од серијата Отворени денови за иницијативи на граѓански организации: „Практики на соработка меѓу Владата и граѓанските организации – како да се подобриме?“.

На првиот Отворен ден ќе се дискутира за постоечките добри практики и механизми за соработка меѓу Владата и граѓанските организации. Во дебатата ќе учествуваат премиерот Зоран Заев, министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и претседателката на Советот за соработка со и развој на граѓанскиот сектор, Фани Каранфилова – Пановска, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...