И ова се случува! Голем грабеж на сликички „Панини“ во Аргентина

Вооружените лица украле десетици илјади сликички на „Панини“ за Светското фудбалско првенство во Русија, соопшти аргентинската полиција.

174

Вооружените лица украле десетици илјади сликички на „Панини“ за Светското фудбалско првенство во Русија, соопшти аргентинската полиција.

Пет мажи упаднале во печатницата „Мунро“ во предградието на Буенос Аирес и заканувајќи се со пиштоли ги натерале вработените да натоварат десетици кутии со сликички во нивниот камион.

Секоја кутија содржи илјада кесички со сликички.

Во секоја кесичка има пет сликички со фотографии од играчи на репрезентациите кои учествуваат на Светскиот шампионат во Русија со кои се пополнува соодветен албум.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...