Момче почина додека играло фудбал во Кисела Вода

2572

Дваесет и четиригодишниот Драган Крстев почина вечерва додека играл фудбал на игралиште во Кисела Вода. Неговите пријатели се простуваат од него на социјалните мрежи и изразуваат жалење за неговата прерана смрт.

Крстев бил член на навивачката група „Комити“.

На групата „Комити Кисела Вода“ на Фејсбук е напишано:

„Нашиот пријател и другар – Драган Крстев, вечерва ненадејно го напушти овој свет. Голема трагедија и огромна загуба. Драган беше поим за верност и знаеше како треба да се сака еден клуб.

Сочувство до неговата фамилија и најблиските. Почивај во мир, пријателе…“

Момчето се пожалило дека му е лошо и паднало на земја, по што веднаш било повикана брза помош.

Лекар, кој бил присутен во близина се обидел да му пружи прва помош, но момчето не покажувало знаци на живот.

Лекарите од итната медицинска помош се обиделе да го реанимираат момчето, но тоа и понатаму не покажувало знаци на живот, по што констатирале смрт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...