Трајанов: Тие што ќе го преземат товарот денес, ќе донесат подобро утре

944

Република Македонија е исправена пред историски одлуки, кои ќе ја определат иднината на државата.

– Во очекување на „пакетот“ решенија сврзани со деблокирање на евроатлантските процеси, односно разрешување на спорот наметнат од Грција за името на нашата држава, напорите на МПЦ-ОА за признавање на автокефалноста од Цариградската Патријаршија, се настани кои бараат сплотеност, единство и одговорно однесување од секој политичар и граѓанин – нагласи Павле Трајанов на средбата со раководството на ДС во Охрид.

Наша цврста определба е Македонија да биде полноправна членка на НАТО и ЕУ, со што ќе се отворат реални перспективи за младите да останат во Македонија.

– Тие партии и лидери кои ќе го преземат „товарот“ за иднината на Република Македонија, можеби краткорочно ќе изгубат политички поени, но сигурно ќе создадат услови за инвестиции, развој и нови работни места – рече Павле Трајанов.

Трајанов зборуваше и за потребата од кадровско зајакнување на партијата, со вклучување на млади и креативни кадри.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...