Аеродром во шведскиот град Гетеборг ги советува младите девојки да стават лажичка во долната облека доколку се присилени да ја напуштат земјата поради договорен брак или женско обрежување.
– Поради лажичката ќе се активираат детекторите за метал додека девојките поминуваат низ безбедносната контрола. Поради тоа, тие ќе бидат однесени настрана каде ќе можат да зборуваат со вработените на аеродромот. Тоа е последна прилика да им помогнеме на овие девојки – изјавила Катарина Идегард, која се занимава со такви видови на насилство врз жените во вториот најголем шведски град.
Минатата година биле примени 139 пријави за присилен брак или женско обрежување по пат на телефонските линии.
Идејата е преземена од британската иницијатива „Karma nirvana“ која тврди дека на овој начин спасиле многу девојки од присилни бракови.