Русија нема да аплаудира ако Македонија влезе во НАТО

646

Рускиот амбасадор при ЕУ, Владимир Чижов, порача дека Русија сака решение за спорот со името помеѓу Грција и Македонија, јави дописничката на МИА во Брисел.

Чижов на средба со новинарите порача дека „Русија смета дека европската перспектива е димензија на глобализацијата, но оти проширувањето на НАТО е обид да се решат предизвиците на 21 век со средства од 20 век“.

– Нема да аплаудираме ако Македонија стане дел од НАТО – изјави Чижов.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...