Нови 60 паркинг места за велосипеди во Карпош

Новите паркинг места за велосипеди се поставени на четири фреквентни локации: пред Драмски театар, комплекс факултети, ТЦ Лептокарија и плоштадот Делфина во Влае.

86

Во организација на Општина Карпош и Центарот за климатски промени, денеска во општината се одржа „вело дружба” на која учествуваа жители на Карпош со своите велосипеди како и градоначалникот на Општина Карпош Стефан Богоев, претседателот на Советот, Андреј Манолев и дел од советниците.

Во рамки на проектот „Заеднички за подобра животна средина во Карпош”, денеска беа промовирани и 60 нови паркинг места за велосипеди, поставени на четири фреквентни локации: пред Драмски театар, комплекс факултети, ТЦ Лептокарија и плоштадот Делфина во Влае избрани од граѓаните преку претходно спроведената анкета.

Градоначалникот Богоев се осврна на мерката за субвенционирање на велосипеди која предизвика голем интерес кај карпошани, но и за целокупното подобрување на вело инфраструктурата во Карпош.

– Оваа мерка сама по себе не е доволна за зголемување на користењето велосипед како превозно средство и затоа, како локална самоуправа, се посветивме кон обезбедување на посигурни вело патеки и паркинзи на територија на Карпош – рече Богоев.

За време на настанот, претставници од Агенцијата за млади и спорт делеа промотивни материјали и корисни реквизити во пресрет на Европската недела на спортот која ќе се одржи во месец септември, а Општина Карпош е меѓу 15-те општини во кои ќе се реализираат голем број спортски активности од натпреварувачки и рекреативен карактер.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...