Обвинетиот за обид за убиство на Зијадин Села, Александар Јаневски Тошта, според ппоследните информации е на реанимација на Клиниката за кардиологија. Како што веќе информиравме на Тошта му се слоши во судницата, по што тој беше пренесен со возилото на Итната медицинска помош.
Тошта губел свест и лекарите во моментов се обидуваат да го стабилизираат.