Судот во Романија вчера ја осуди поранешната министерка Елена Удреа на шест години затвор поради земање мито и злоупотреба на службената положба. Врховниот касациски суд со тоа ја потврди претходната пресуда за поранешната министерка за туризам и оваа пресуда е конечна.
Претходно годинава, таа побегна на Костарика и побара ново судење.
Освен затворската казна, Удреа треба да плати и отштета од околу три милиони долари.
ФОТО: Твитер