Обидот за убиство на Села пред пресуда, ќе се кажат завршните зборови

266

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да продолжи судењето на обвинетите за обидот за убиство на претеникот Зијадин Села, што се случи на 27 април минатата година во Собранието на Република Македонија.

Случајот треба да продолжи со завршни зборови на двете страни, откако на претходното заврши доказната постапка. Откако ќе се кажат завршните зборови, судечкиот совет на наредното рочиште треба да ја соопшти и пресудата.

Претседател на судечкиот совет е судијката Славица Андреевска.

За случувањата на 27 април обвинети се Кире и Цане Ѓорѓиевски, Оливер Ошавковски, Саша Ценков, Николче Димитриевски, Александар Јаневски – Тошта, Андреј Мицов, Никола Војминовски, Коста Делов и Стојан Павловски – Кобра.

Застапникот на оштетениот Села, Абидин Абдули по завршувањето на последното рочиште рече дека во соработка со јавниот обвинител дополнително ќе одлучат за можни нови постапки кон други лица кои се гледаат на доказите, а не се опфатени со обвинителниот акт.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...