Десет жени од Саудиска Арабија добија возачки дозволи откако го положија таканаречениот практичен возачки испит. Се очекува во текот на следната недела да им бидат издадени возачки дозволи на уште 2.000 жителки на државата.
Многумина овој ден го оценија како историски за Саудиска Арабија. Кралот Салман во 2017 година ја укина забраната за издавање возачки дозволи на жените, а во тек е изработката на актите, со кои оваа забрана целосно ќе биде отстранета до 24 јуни оваа година.