Села: Владата не заслужува преодна оценка

Села изјави дека ќе се сретне со новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, но само доколку тие лично му се извинат.

503

– Ова во очи сум му го кажал и на премиерот за време на интерпелацијата. Околу него пак, се собрале личности и политичари кои делуваат според логиката „Умре кралот“ – „Да живее кралот“ и секако врз основа на ова што го кажав, оваа влада не може да има преодна оценка. Има стотици милиони евра, се инвестираат над 200 милиони евра за патна инфраструктура само во источниот регион, а продолжува празната и лажната пропаганда на ДУИ за 12-13 километри пат кој треба да ги спои Македонија со автопат до Блаце, до границата. Голема лага е тоа. Исто како што се и граничните премини во Миратовац што со години се спомнуваат и кои веќе се претворени во нереализирано нешто, бидејќи проектите за овој автопат ќе почнат во 2019 година, во јуни 2019. Пред 2020 година нема да се направи ниедна работа – изјави Зијадин Села, претседател на Алијанса за Албанците.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...