Марко Чекинато попладнево го совлада Новак Ѓоковиќ и се пласираше во четвртфиналето на „Ролан Гарос“.
Чекинато пред годинешниот настап на „Ролан Гарос“ немаше ниту една победа на грен-слем турнирите. Победата над Ѓоковиќ е негова петта победа по ред.
Италијанецот ги доби првите два сета со 6:3 и 7:6. Третиот сет му припадна на Ноле за само 27 минути игра со 6:1, а иако во четвртиот поведе со 4:1 и водеше и со 5:2, дозволи враќање на Чекинато кој во продолжение се избори за тајбрејк.
Ова е најголем успех за Чекинато во кариерата, а противник во полуфиналето на „Ролан Гарос“, каде првпат по 40 години ќе игра Италијанец, ќе му биде Доминик Тим.