Ќе се воведат терапија без ноќевање и „out patient“ процедури

Владата на Република Македонија го именува д-р Гоце Чакаровски, за Национален координатор за здравство.

586

Владата на Република Македонија денеска на седница го разгледа и прифати Акцискиот план за Проектот „Зајакнување на дневните болници“, и го задолжи Министерството за здравство на секои 6 месеци до Владата да доставува информација за прогрес на активности од Акцискиот план, сѐ до конечна реализација на Проектот „Зајакнување на дневните болници”.

Проектот „Зајакнување на дневните болници“ се однесува на концепт на воведување на „one day surgery“ (еднодневна терапија од областа) и други „out patient“ процедури без ноќевање и болнички престој на пациентите во случаи кога нема потреба од опсервација на состојбата на пациентот. Во оваа насока ќе бидат изготвени упатства и ќе бидат адаптирани соодветни просторни услови во рамките на општите и клиничките болници каде постојат услови врз основа на направена проценка.

На денешната седница, Владата на Република Македонија го именува д-р Гоце Чакаровски, за Национален координатор за здравство.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...