Градски паркинг: Ѓубрето не е наше, ама на драга волја повремено го чистиме

543

ЈП Градски паркинг- Скопје тврди дека паркингот кај Транспортен центар, дел 2 не го стопанисува.

– Сакаме да истакнеме дека фоографијата објавена на наведениот текст, „Паркингот кај Транспортен центар потонат во ѓубре“ се однесува на паркиралиште Транспортен центар, дел 2. Тоа паркиралиште е наменето за паркирање на автобуси и автомобили, но ЈП Градски паркинг- Скопје нема надлежност, бидејќи не го стопанисува истото, не врши наплата, и не издава дозволи за паркирање, затоа што немаме сообраќајни проекти за тоа паркиралиште и не поседуваме соодветна документација со која паркиралиште Транспортен центар дел 2, се дава на стопанисување на претпријатието.

Претпријатието, на драга воља, 3-4 пати месечно врши чистење, но и покрај тоа хигиената е на ниско ниво. Причина за тоа е што возачите на автобусите, при паркирање на таа локација, вршат несовесно чистење на автобусите и целиот отпад го фрлаат надвор и покрај тоа што има поставени контејнери за отпад.

За да биде хигиената на добро ниво, потребно е чистење од минимум два пати неделно, но повторно ќе истакнеме дека ЈП Градски паркинг- Скопје не е надлежно претпријатие за одржување на таа паркинг локација,“ тврдат од Градски паркинг.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...